Владата од петни жили се обидува да најде решение и купец кој ќе ја купи банката, бидејќи банката е навистина во одлична состојба вели премиерот Христијан Мицкоски за Алта банка, обвинувајќи ја СДСМ дека сака црно сценарио.
Мицкоски смета дека проблемот е увезен од Србија, каде што, според него, има сериозни показатели за состојбите во банкарскиот систем. Тој истакна дека последиците веќе ги чувствуваат и македонски компании кои соработуваат со српски партнери, чии сметки и средства се блокирани во „Алта банка“.
Мицкоски најави дека во следните денови, заедно со гувернерот на Народната банка и министерката за финансии, ќе одржи средби со повеќе финансиски институции кои би можеле да бидат заинтересирани за купување на банката.
Дециден е дека секој денар на граѓаните и штедачите на банката ќе им биде исплатен.