Партнерство

Нова дополнителна инвестиција на компанијата „Гересхајмер”, најави премиерот Мицкоски од Германија

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Компанијата „Гересхајмер“ која досега реализираше две инвестиции во Македонија во вкупна вредност од околу 120 милиони евра и вработува околу 300 лица, планира нова дополнителна инвестиција на површина од 100.000 квадратни метри, со која бројот на вработени би се зголемил на 500, објави премиерот Христијан Мицкоски.

Дополнително, во декември се очекува отворање на три нови производни капацитети, кои во полн капацитет треба да обезбедат повеќе илјада нови, добро платени работни места.

,,Продолжуваме да работиме на привлекување инвестиции, отворање нови производни капацитети и создавање економски можности за македонските граѓани”, истакна шефот на Владата.

Во рамки на престојот во Германија, премиерот Мицкоски реализираше средба со Хендрик Вуст, премиерот на сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија.

,,Го истакнавме задоволството од спроведувањето на заедничката Декларација за намери за соработка, која опфаќа повеќе значајни области: економија, инвестиции, образование, култура, здравство, како и поддршка за европската интеграција на Македонија.
Германските компании како „Костал”, „Кромберг и Шуберт“, „ВИК“, „Герехајмер” и други реномирани инвеститори кои веќе успешно работат во Македонија се пример за потенцијалот за привлекување нови инвестиции од Северна Рајна-Вестфалија”, напиша премиерот Христијан Мицкоски.

Премиерот, заедно со владиниот тим, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, на средбите во Германија разговараа за досегашната успешна соработка, поддршката и можностите за нејзино понатамошно продлабочување, особено во делот на економијата и инвестициите.

Најнови вести