Најмалку петмина загинати во пукање на главниот плоштад во Краков, повредени се десетина лица

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Најмалку пет лица загинале, а околу десетина се повредени во пукање што се случило во саботата попладне на главниот плоштад во Краков, Полска, соопшти полската полиција.

Според полицијата, инцидентот се случил околу 15 часот по локално време, кога маж со автомобил влегол на плоштадот и од возилото почнал да пука кон случајни минувачи.

Осомничениот бил облечен во облека во воен стил, а полицијата го застрелала при интервенцијата. Тој бил пренесен во болница.

Вооружената интервенција продолжила и во околината на плоштадот, каде што биле распоредени бројни полициски единици и медицински екипи. Меѓу повредените има и полициски службеници.

Полскиот премиер Доналд Туск соопшти дека е редовно информиран за ситуацијата од министерот за внатрешни работи и дека полицијата ги истражува сите околности и мотивите за нападот.

Претседателот Карол Навроцки изрази сочувство до семејствата на загинатите и повредените, додавајќи дека раководителот на Националното биро за безбедност се упатил кон Краков.

Главниот плоштад во Краков е една од најпосетуваните туристички локации во Полска, опкружен со кафулиња, ресторани и историски објекти.

Засега не се соопштени мотивите за нападот. Истрагата е во тек.

Најнови вести