ВМРО-ДПМНЕ реагира на обвинувањата од СДСМ за случајот Алта Банка.
,,Во СДС прво треба на научат кој за што е надлежен во државата. Јасно е дека во нивно време немаше линии во поделбата на власта па беа по старото ‘кадија те тужи, кадија те суди’, но еве потсетување дека Народната банка и гувернерот се институцијата која носи одлуки во рамките на своите надлежности за банкарскиот систем”, стои во соопштението од партијата.
Според ВМРО-ДПМНЕ, Алта банка е увезен проблем и не може од ракав да се даваат какви било изјави.
,,Заев правеше така, па нив им е всадена таа матрица и гледаат низ истата призма, имаат двојни стандарди, а можеби како што беше за Еуростандард така и за Алта на сон им доаѓаат сценаријата. Од партијата на Венко сега пак гледаме обиди за создавање на искривени перцепции, дека проблемот можел да се прелее во сите банки, иако од надлежните има транспарентна комуникација и се работи на решение, а гувернерот порача дека граѓаните нема да бидат оштетени”, се вели во објавата од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат СДСМ да престанат со обидите за политичко профитирање, има надлежни кои работат на решение, а деструктивноста на СДСМ не им треба на граѓаните.