Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова на социјалната мрежа Фејсбук објави петиција со која предлага да се воведе електронска алка за следење на насилници.
Вели дека ова било барање од граѓаните. Во петицијата стои дека се бараат 10.000 потписи за референдум за итно воведување на електронска нараквица, која ќе ја предупреди жртвата и ќе ги алармира надлежните кога насилникот е поблиску од законски утврденото растојание.
ЛДП во рок од една година двапати поднесе предлог за измени и дополнувања на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство и двапати беше одбиен од собраниското мнозинство. Првиот пат беше одбиен со образложение дека се потребни подетални анализи. Во март годинава, пратеничкото мнозинство го одби предлогот на Зајкова за воведување електронска нараквица за сторители на семејно насилство. Од 97 регистрирани пратеници, само 27 гласаа „за“, со што предлогот не беше прифатен.
Денеска се одржа протест во центарот на Скопје против фемицидите, институционалното насилство и неказнивоста. а повод е убиството на 17-годишната Билјана Ќириќ од Богданци.