Планираната средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин, американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг на самитот на АПЕК несомнено ќе биде интересна и неизбежно ќе го привлече вниманието на светската јавност, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Средбата во секој случај ќе биде интересна, навистина. И, секако, ќе го привлече вниманието на сите во светот“, изјави Песков, коментирајќи ја изјавата на Трамп дека Вашингтон очекува интересна средба во Шенжен, пренесува Спутник.
Темите на можната средба на тројцата лидери на маргините на самитот на АПЕК би можеле да бидат разновидни, посочи Песков.