ПРАВДА ЗА КОЧАНИ: Во сабота нов „Марш на ангелите“

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Родителите на 63 загинати во дискотеката Пулс во Кочани излегуваат на нов марш во Сабота.

Во најавата за маршот ги поканија сите граѓани да им се приклучат во Паркот на револуцијата, закажан за сабота во 16:05.

Колку уште мајки треба да ги закопаат своите деца?

Колку семејства треба да останат без своите најмили?

Колку домови треба да згаснат во тишина за конечно да сфатиме дека човечкиот живот нема цена?

До кога ќе чекаме да се случи трагедија за да почнеме да зборуваме за одговорност?

До кога ќе се бараат виновници дури откако ќе згаснат животи, наместо навреме да се спречат опасностите?

До кога институционалните пропусти, непостапувањето и неодговорноста ќе ги плаќаме со човечки животи?

Зарем не научивме ништо од трагедиите што ја завија Македонија во црно?

Не сакаме повеќе минути молк!
Сакаме години на одговорност, совесно работење и вистинска превенција!

Затоа, овој „Марш на ангелите“ го посветуваме не само за борбата за вистинска правда на нашите 63 ангели,
туку и на сите невини жртви чии животи згаснале поради системски пропусти, институционално непостапување и неодговорност.

Различни трагедии. Различни семејства.
Иста болка. Иста борба за правда.

Ги повикуваме сите граѓани да застанат покрај нас.

Зашто денес ние чекориме со фотографиите на нашите деца, а утре не смее ниту еден друг родител да биде принуден да го прави истото.

ДЕНЕС БОЛКАТА Е НАША, НО БОРБАТА МОРА ДА БИДЕ НА СИТЕ – ЗА УТРЕ НИКОЈ ДА НЕ ЈА ЖИВЕЕ НАШАТА СУДБИНА!

Не бараме пресуда на улица – бараме правда во судница, одговорност од институциите и конкретни мерки за трагедиите да не се повторуваат.

ДРЖАВА ШТО НЕ УЧИ ОД СВОИТЕ ТРАГЕДИИ, РИЗИКУВА ПОВТОРНО ДА ГИ ДОЖИВЕЕ.

ПРАВДА ЗА КОЧАНИ! ПРАВДА ЗА СИТЕ НЕВИНИ ЖРТВИ!

НИТУ ЕДЕН ИЗГУБЕН ЖИВОТ ПОВЕЌЕ – ПОРАДИ НЕЧИЕ НЕПОСТАПУВАЊЕ, стои во поканата од здружението 16 март.

Најнови вести