Војна

Напредок има, ама не и мировен договор за Украина

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

По дводневните разговори во Абу Даби руските и украинските преговарачи соопштија дека е постигнат одреден напредок на мировните преговори.
Киев и Москва се договорија за поголема размена на заробеници.

Американските посредници оценија дека меѓу завојуваните страни постои недостиг од доверба, како и разлики во ставовите за клучните територијални прашања. Американскиот претставник Џаред Кушнер, изјави дека посредниците се обидуваат да ги усогласат интересите на двете страни за да се стави крај на конфликтот.

Украина ги отфрли барањата на рускиот претседател Владимир Путин да го предаде целиот источен регион Донбас во замена за мир.

Џерад Кушнер и неговиот колега Стив Виткоф утре патуваат во Москва на средба со Путин, на која ќе го отворат прашањето за проширување на преговорите со европските партнери.

Според Кушнер, европската безбедносна архитектура би можела да претставува основа за договор.

Најнови вести