Војна

Трилатерални разговори во Абу Даби: Русија, Украина и САД на заедничка маса

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Нова рунда трилатерални преговори меѓу Украина, Соединетите Американски Држави и Русија денеска и утре во Абу Даби.

Од страна на САД во Обединетите Арапски Емирати присуствуваат специјалниот претставник на претседателот Доналд Трамп, Стив Виткоф, како и зетот на претседателот, Џаред Кушнер.

Како што објави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, руската делегација ја предводи Владимир Медински, советник на рускиот претседател. Меѓу другите учесници ќе бидат и началникот на Главната дирекција за разузнавање на Генералштабот на руската армија Игор Костјуков, како и заменик-началникот на Главната дирекција за оперативно управување на Генералштабот Јуриј Жигарловски.

Украинската делегација ја предводи шефот на разузнавачката служба Рустем Умеров. Во неа се и шефот на претседателскиот кабинет Кирило Буданов, претседателот на пратеничката група на владејачката партија „Слуга на народот” Давид Арахамија, заменик-шефот на претседателската администрација Серхиј Кислиција и заменик-шефот на военото разузнавање Вадим Скибицки.

На претстојните преговори се и европски претставници. Германија ја претставува Гинтер Заутер, советникот за безбедност на германскиот канцелар Фридрих Мерц. Ова го објави заменик-портпаролот на германската влада Штефен Мајер пред преговорите. Франција ќе учествува преку дипломатскиот советник на францускиот претседател.

Најнови вести