Соединети американски држави

Трамп сака да ја ,,реши” Куба пред крајот на мандатот

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сака да ја реши Куба пред заминувањето од функцијата. Шефот на Белата Куќа не исклучува и употреба на воена сила.

Претходно неделава Трамп изјави дека верува оти Куба „наскоро ќе падне“ и ја опиша како пропадната држава. Потенцираше дека добил силна поддршка од гласачите со кубанско потекло на Флорида.

На почетокот на месецов, администрацијата во Вашингтон најави нов пакет санкции за Хавана. Мерките се насочени кон 10 поединци и субјекти поврзани со кубанската влада, војската и нафтената индустрија.

Најнови вести