Христијан Мицкоски е во тотална паника поради случајот со Алта банка, обвинува СДСМ, од каде што тврдат дека премиерот и Трајко Славески го загрозиле банкарскиот систем и парите на граѓаните.
Од опозициската партија велат дека Мицкоски стравува од објавување на сметките, трансакциите и информациите поврзани со Алта банка, која ја поврзуваат со српскиот претседател Александар Вучиќ.
Наташа Поповиќ на прес-конференција истакна дека Мицкоски и Славески се одговорни за влегувањето на Алта банка во Македонија, а партијата изнесува и обвинувања за поврзаност на банката со сомнителни финансиски активности. Тврди дека премиерот, наместо да одговори на прашањата за банката, се обидува да ја замолчи опозицијата преку закани со кривично гонење.
„Не обвинуваше за саботажа, иако тој и Славески ја саботираат и ја попречуваат правдата за Алта банка. Па му нареди на Славески да поднесува кривични пријави против СДСМ.
Сега Христијан Мицкоски, или малиот Вучиќ зборува за „опструкции“ и се заканува со кривично гонење на опозицијата затоа што ја кажа вистината за Алта банка и неговата врска со криминалниот картел на Вучиќ. Ова е истиот модел на Вучиќ, закани, притисок и обид за замолчување на опозицијата. Донесоа Декрет во Собранието со забрана за говор на опозицијата за „економските работници“.
Тепаа деца во Ново Село затоа што ја кажаа вистината за труењето на водата во Гостивар. Сега законски измени по секоја цена да се замолчи опозицијата. Мицкоски зборува за „хорор соништа“ затоа што слободен говор во јаве му пречи.
На вистината во говорот на СДСМ не може да се спротивстави со аргументи. Сака да не жигосува како опасност затоа што сме единствена неконтролирана опозиција“, изјави Поповиќ.
Нашата порака до Мицкоски е јасна:
Знаеме дека се плашиш, доаѓа време на одговорност за Алта банка и за целиот криминал. СДСМ нема да ја замолчиш, рекоа од партијата.