По Бахреин, и Кувајт под напад на беспилотни летала

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Генералштабот на кувајтската војска објави дека системите за противвоздушна одбрана дејствуваат против непријателски летала и апелираше до јавноста да ги следи безбедносните упатства издадени од надлежните органи.

Иранската војска претходно објави дека нападнала американски воени системи за лансирање и насочување беспилотни летала и ракети во воздухопловната база Али Ас Салем во Кувајт.

Кувајтските власти се уште немаат објавено кој стои зад нападот, колку беспилотни летала биле вклучени, ниту кои биле целите

Изминатата недела и Бахреин се најде на удар на ракети и беспилотни летала.

Најнови вести