Сметките на компанијата „Алта груп“, која е сопственик на „Алта банка“ во стечај, се блокирани од 13 ноември, покажуваат податоците од регистарот на должници во присилна наплата што го води Народната банка на Србија (НБС), објави денеска порталот Неделник.
Износот на блокадата денеска, во 9 часот, изнесувал 676,7 милиони динари, а по основ на присилна наплата биле блокирани вкупно 105 денарски и девизни сметки.
„Алта груп“ има вкупно 126 сметки во осум домашни банки, а неблокирани останале само сметките кои и инаку не подлежат на блокада, како што се наменските сметки за исплата на надоместоци за боледување на вработените и слично.
Стопроцентниот сопственик на „Алта груп“, Давор Мацура, беше уапсен на 2 ноември, а два дена подоцна му беше одреден притвор до 30 дена.
Тој е осомничен за злоупотреба на положбата на одговорно лице, односно дека со неовластено изнесување пари од трезорот на „Алта банка“ прибавил противправна имотна корист од приближно 45 милијарди динари.