Министерство за финансии

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Граѓански обврзници може да се запишат до први декември во деловните банки

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Граѓаните можат да запишат граѓански обврзници до први декември во филијалите и експозитурите на деловните банки во земјава.

Министерството за финансии соопшти дека граѓаните можат да запишат минимум една Граѓанска обврзница во износ од 10.000 денари. Каматната стапка на граѓанската обврзница од оваа емисија е 4,6 проценти и рок на доспевање до две години.

Аукцијата за четвртата емисија – Граѓанска обврзница ќе се реализира на трети декември. Датумот на достасување на обврзниците е 11 декември 2028 година.

Каматата за првата година достасува на 11 декември 2027 и за втората година на 11 декември 2028 година.

Министерството за финансии досега има издадено три емисии граѓански обврзници. Првата емисија беше издадена на 13 јули 2023 година во износ од 23,5 милиони евра. Втората емисија беше издадена на 7 ноември 2023 година во износ од 17,6 милиони евра и третата емисија е издадена на 12 декември 2025 година во износ од 33 милиони евра.

Граѓанските обврзници од првата и втората емисија заедно со каматата се исплатени во целост.

Најнови вести