Експлозии на три танкери источно од Ормускиот теснец, екипажот ги игнорирал предупредувањата

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Иранската морнарица пријави експлозии на три танкери источно од Ормускиот проток. Наводно, танкерите за нафта наишле на подводни мини и се запалиле.

Иранската војска тврди дека екипажот на танкерите ги игнорирал предупредувањата и пловел низ забранети зони со исклучени навигациски системи.

Војската предупреди дека пловењето по тој поморски пат мора да биде координирано со Техеран.

Изминатиот период зачестија нападите и експлозии врз нафтени танкери во Ормускиот проток во услови на загриженост на меѓународната заедница од нова ескалација на конфликтот.

Најнови вести