ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека СДСМ и претседателот на партијата, Венко Филипче, избегнуваат продолжување
на надзорната расправа за „Алта банка”, иако претходно инсистирале на нејзино одржување.
Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Филипче со денови ширеле паника со тврдења дека банката е неликвидна и дека граѓаните би можеле да ги загубат парите. Владејачката партија оценува дека овие обвинувања ја доведувале во прашање стабилноста на банкарскиот систем.
Меѓудругото, партијата отвора прашања за наводните деловни релации на СДСМ И ДУИ
со „Алта банка” и Давор Мацура.
ВМРО- ДПМНЕ порачува дека Филипче и СДСМ должат одговори и дека со избегнување на расправата не можат да ги отстранат отворените прашања во врска со банката и наводните деловни релации.