ЌЕ ИМА ЛИ КРАЈ НА ВОЈНАТА: Зеленски на средба со Виткоф, Кушнер и европски претставници

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска во Берлин одржа состанок со специјалните претставници на претседателот на Соединетите Американски Држави, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, како и со европските советници за национална безбедност.

По разговорите, одржани на маргините на состанокот на „коалицијата на подготвените“, Зеленски нагласи дека е важно соработката меѓу Европа, Украина и САД во рамките на преговарачкиот процес да стане поблиска и поинтензивна.

„Од самиот почеток, Украина се залагаше за ваков пристап – максимална координација меѓу нас во сè што се однесува на европската и украинската безбедност и иднина“, истакна Зеленски на платформата Телеграм, пренесува Укринформ.

Најнови вести