„Коалицијата на подготвените” за поддршка на Украина на средба во Берлин

Во пресрет на уште една тешка зима за Украина, нејзината иднина повторно е во центарот на дебатата во Европа.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Дипломатски собир во германската престолнина посветен на Украина. 20 шефови на држави и влади, главно од Европа, во Берлин разговараат за иднината на земјата што од 2022 година е изложена на руска агресија.

„Коалицијата на подготвените“ обединува 36 држави кои ја поддржуваат Украина. За разлика од другите меѓународни формати, членките не разговараат само за тековната воена и финансиска помош за Киев, туку и за повоените безбедносни аранжмани.

Во Германија се воведени обемни безбедносни мерки во владината четврт на Берлин. Се уште не е познато дали на состанокот ќе присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Според извештаи на повеќе медиуми, се очекува да пристигнат и главните американски преговарачи Стив Виткоф и Џаред Кушнер.

Најнови вести