РАСТ НА ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА: Во септември достигна 49.141 денар

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември изнесувала 49.141 денар и во однос на истиот месец лани е зголемена за 8,1%, соопшти Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 11.6%, Административни и помошни услужни дејности за 10.6% и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 10%.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење камен за 6%, Преработувачка индустрија за 3% и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување за 2.5%.

Просечната бруто-плата пак изнесувала 73.940 денари.

Најнови вести