„Јас сум многу кул мајка“: Mеланија Трамп откри детали за мајчинството, бракот и приватниот живот

  • 3 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Меланија Трамп во петок повторно се враќа на малите екрани, нудејќи нов поглед зад сцената на нејзиниот живот пред и откако стана прва дама на САД. Таа зборува за бракот со претседателот Доналд Трамп, односот со синот Барон и исцелувачката моќ на ден поминат во спа-центар.

„Melania: The Series“ е продолжение во два дела на документарниот филм објавен во јануари, кој го прикажа нејзиниот живот во текот на двете недели пред Доналд Трамп повторно да ја преземе претседателската функција во 2025 година.

Првата дама е позната по тоа што го држи својот приватен живот далеку од очите на јавноста. Во оваа серија, која ќе биде објавена на платформата Prime Video, таа поминува голем дел од времето одговарајќи на детални прашања од режисерот Брет Ратнер, пренесува АП.

Таа опширно зборува за Барон Трамп, нејзиното единствено дете со американскиот претседател. Нејзиниот татко Виктор Кнавс, кој ретко се појавува во јавноста, исто така се појавува во серијата и објаснува зошто таа е добра ќерка. Меланија Трамп зборува и за односот со претседателот, а и тој одговара на неколку прашања за својата сопруга.

„Таа е многу силна. Не е лесно да ја доведете на преговарачка маса“, вели претседателот во серијата.

Првата дама, која сега има 56 години, беше извршна продуцентка на она што го нарекува „единствена приказна“: нејзините скромни почетоци во мало место во Словенија, во Источна Европа, кариерата како модел и бракот со амбициозен њујоршки бизнисмен, кој беше избран за претседател и ја направи прва дама на Соединетите Американски Држави.

„Луѓето се заинтересирани и мислам дека сакаат да видат што се случува зад сцената, што сè треба да правите и како изгледа процесот на станување прва дама“, изјави таа во четвртокот вечерта на гламурозен настан пред неколку стотици луѓе во Линколн центарот, каде што публиката имаше можност премиерно да ја погледне серијата.

Претседателот Трамп не присуствуваше на настанот бидејќи со авион се враќаше дома по неколкудневниот престој во Азија. Таму беше нејзиниот татко, заедно со неколку сегашни и поранешни функционери од администрацијата на Трамп, меѓу кои Френк Бисињано, директор на Управата за социјално осигурување, поранешната државна обвинителка Пем Бонди и Келиен Конвеј, висока советничка на Трамп за време на неговиот прв мандат.

Барон е приоритет на мајка му

На прашањето кој го смислил името на нивниот син, таа одговара: „Доналд“.

Нивниот син, кој сега има 20 години и студира бизнис на Универзитетот во Њујорк, го опишува како „многу силен“, бидејќи „многу брзо пораснал“ под будното око на јавноста.

„Неговиот живот не е ист како животот на другите деца“, признава таа.

Првата дама ја опишува и улогата што тогаш тинејџерот Барон ја имал во претседателската кампања во 2024 година, кога го охрабрувал својот татко да дава интервјуа за инфлуенсери на социјалните мрежи, со цел да допре до нови групи гласачи.

Таткото на Меланија и нејзината покојна мајка Амалија Кнавс имале „големо влијание“ врз неговото растење, што му помогнало да стане „неверојатен млад човек“, вели таа.

Меланија истакнува дека се труди „да не го контролира“ и дека сака тој да го прави она што „го прави среќен“.

„Јас сум многу кул мајка за Барон и постојано го потсетувам на тоа“, вели таа низ смеа.

„Тој е мојот приоритет и секогаш ќе биде мој приоритет.“

Најнови вести