Израел одново нападна цели на Хезболах во Јужен Либан

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Нова ескалација е регистрирана на југот на Либан. Израел изведе воздушни напади врз цели на Хезболах како одговор на лансирањето на два дрона со експлозив кон израелските сили. Тел Авив тврди дека нападот претставува прекршување на прекинот на огнот.

Израелската војска издаде итно предупредување до жителите на Араб Салим во јужен Либан да го напуштат подрачјето во близина на објект за кој тврди дека го користи Хезболах и кој ќе биде цел на напад.

Нападите доаѓаат во период на засилени тензии меѓу Израел и Хезболах, и покрај прекинот на огнот. Во јужен Либан во изминатиот период продолжија воздушните напади и размената на напади меѓу двете страни.

Израелската војска и претходно соопшти дека извршила напади врз инфраструктура и складишта за оружје на Хезболах во јужен Либан, образложувајќи ги операциите со потребата да се отстранат заканите кон нејзините сили и Израел.

Најнови вести