Четири министри во Владата со која СДСМ раководеше седум години, не успеаја да обезбедат образовни асистенти за сите ученици со попреченост кои следат настава во редовните основни и средни училишта во државата. Во 2024 година, последниот нивен министер обезбеди недоволни 800 образовни асистенти и тоа само во основното образование, додека во средното воопшто не беа ангажирани стручни лица кои ќе им го олеснуваат воспитно – образовниот процес на учениците со посебни образовни потреби, реагира министерката за образовние.
Информира дека во училиштата ангажирани се 1.358 образовни асистенти од кои во основното и 166 во средното образование, за кои вели дека се најмногу досега, а во тек е постапка и за ангажирање на дополнителен број на стручни лица кои ќе обезбедуваат образовна асистенција за децата, согласно пријавените потреби на нивните родители.
„Во насока на подигнување на инклузивноста, ги зајакнавме и стручните служби во училиштата, преку ангажирање на кадарот кој недостигаше во минатото. Така што, денес не постои училиште во кое нема стручна служба. Паралелно се подобрува пристапноста за лицата со попреченост во училишните објекти преку поставување рампи и тоалети за ученици со посебни потреби.“ додава Јаневска.
Потсетува дека било прифатено долгогодишното барање на граѓанскиот сектор кое е трансформирано во системско решение, а се однесува на обезбедување континуитет во наставата за учениците кои се на подолго болничко или домашно лекување, да можат часовите да ги следат онлајн заедно со класот или пак, наставникот индивидуално да работи со нив. Со тоа, степенот на инклузивност на образованието е дополнително подигнат, тврди Јаневска.
Од новата академска година ќе се доделувааат нов тип стипендии за студенти со попреченост и со ретки болести.
Претходно СДСМ на прес-конференција обвини дека 250 деца останале без образовни асистенти. Од партијата тврдат дека ова е трета година по ред како министерката Јаневска дозволува учебната година да почне навремено со обезбедени образовни асистенти за децата со посебни образовни потреби.