СДС го проби дното и ги нарече граѓаните идиоти во официјалнo соопштение од партијата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека наместо да покажат почит кон луѓето од кои бараат доверба, тие продолжуваат со навреди, потценување и арогантен однос кон сопствениот народ.
Дали во СДС има кормирал, каде оди СДС со ваков однос кон граѓаните? СДС продолжуваат со потценување, навреди и арогантен однос кон граѓаните и токму поради тоа исчезнуваат од политичката мапа во државата. На СДС им смета се, им сметаат прослави за независноста, им смета напредок им смета развој а сега го пробија дното и ги нарекоа граѓаните идиоти. СДС единствено што знае е да ликува на неуспех, велат од партијата.