Лишен е од слобода помошник директор во Царинската управа.
Лицето е затекнато при примање на претходно обележани парични средства во износ од 17.500 евра.
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР постапува во координација со надлежен јавен обвинител од ОЈО за ГОКК.
По целосно документирање на случајот до ОЈО за ГОКК ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.