Министерот за надворешни работи и надворешни политика, Тимчо Муцунски со објава на социјалната мрежа „икс“ изрази сочуство за смртта на кралот на Норвешка Хералд V.
„Длабоко сум ожалостен поради смртта на Неговото Височество, кралот Харалд V од Норвешка. Тој го посвети својот живот на служба на норвешкиот народ и уживаше највисока почит, како во својата земја, така и во странство“, напиша Муцунски.
Муцунски вели дека долгата и посветена служба на кралот кон неговата земја ќе биде запаметена со длабока почит, тој упати најдлабоко сочувство до кралското семејство, Владата и народот на Норвешка во овие моменти на национална жалост.