(ФОТО) Реновиран одделот за неврофизиологија на Универзитетската клиника за неврологија

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Пуштен е во употреба реновираниот оддел за неврофизиологија на Клиниката за неврологија во Скопје. Реконструирани се 891 метар квадратен, а по оваа фаза, следува и реновирањето на покривот и на фасадата.

Пациентите ќе добијат поквалитетни услови за нега и лекување, порача премиерот Христијан Мицкоски.
Тој изрази задоволство што е завршен уште еден проект за реконструкција во здравството, посочувајќи дека станува збор за објект кој, како што рече, со децении не бил реновиран

Обезбедени се 38 финансиски согласности за вработување на Клиниката за неврологија од кои 25 се веќе реализирани.

Продолжуваат активностите за реконструкција на здравствениот систем, Клиничкиот центар во Штип, Клиничката болница во Тетово и здравствениот дом со проширена дејност во Кичево.

Најнови вести