АНАЛИЗА: Односите Трамп – Путин и глобалните предизвици

Нема сомнение дека претседателите на САД и на Русија делат идентична мака, се вклучија во војни што не можат да ги завршат, но дали одлуката геополитичките случувања и економските текови може да се сведат од Г20 на двајца луѓе?

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Вашингтон и Москва имаа три важни контакти за краток временски период. Западните сојузници изразија загриженост дека Доналд Трамп повторно си игра со идејата да го сведе Г20 на Г2, каде што ќе има место само за него и Владимир Путин во решавањето на иднината во светот.

САМИТ НА Г20

Самитот на Г20 повеќе од четвртина век ја убедува јавноста дека е загрижен за меѓународната економска стабилност, а бидејќи нема никаква врска со тоа, политичките игри обично се поинтересни од економските. Во март 2022 година, откако Русија ја нападна Украина, тогашниот претседател на САД, Џозеф Бајден, предложи форумот да ја исклучи Русија. Тоа не се случи, но рускиот министер за финансии не присуствуваше на самитите на Г20 во следните години.

На 31 август оваа година, министрите за финансии, гувернерите на централните банки и други, се собраа во Ешвил, Северна Каролина, за уште една рунда разговори и го затекнаа рускиот министер за финансии Антон Силуанов на маса. Сите беа лути и го спречија Силуанов да биде дел од „семејната фотографија“.

СРЕДБА ПУТИН – РАТКЛИФ

Една недела пред самитот на Г20, шефот на ЦИА, Џон Ратклиф отпатува во Москва. Наводно, Ратклиф ја предупредил Русија да не помислува да преземе мерки против Велика Британија или кој било друг украински сојузник. Таквото објаснување го негираше американскиот претседател. Трамп ја нарече посетата на Ратклиф „полурутинска“ и тврдеше дека шефот на ЦИА не донел никакви предупредувања или барања и не се занимавал со НАТО или со Ормускиот теснец.

ДВОЕЦОТ ВИТКОВ – КУШНЕР ВО МОСКВА И КИЕВ

Недела дена по Ратклиф, кон истиот правец се упатија и омилениот дипломатски тандем на Доналд Трамп, Стив Виткоф и Џералд Кушнер. Двоецот ги обиколи Москва и Киев, разговараше и со Путин и со Зеленски, доби благодарност од двете страни, но во моментов се чини дека тоа не ги решава проблемите во скора иднина.

ОДНОСОТ ПУТИН – ТРАМП

Нема сомнение дека двајцата претседатели, Путин и Трамп делат идентична мака, се вклучија во војни што не можат да ги завршат. ,,Њујорк Тајмс”, известувајќи за посетата на Ратклиф, забележа дека многумина во дипломатската заедница во Вашингтон се загрижени дека Путин не ја дознава вистината за тоа како се одвива неговата војна. Дописник на ,,Си-Ен-Ен” од Белата куќа нотираше дека многумина се прашуваат и дали тврдењата на Трамп за американската победа во Иран се резултат на истото – тесен круг помошници кои не сакаат да му соопштат лоши вести. Во меѓувреме, Трамп продолжува да тврди дека светот е подобро место благодарение на неговиот однос со Путин.

Дали двајцата претседатели бараат сојузник еден во друг ќе покаже времето.

Најнови вести