Деветта жртва на Западнонилската треска

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Уште еден пациент почина од последици од Западнонилската треска по 28-дневно лекување на Клиниката за инфективни болести.

Станува збор за 66-годишен пациент со невроинвазивна форма на болеста, кој бил на механичка вентилација и имал повеќе придружни заболувања.

Директорот на Клиниката, д-р Фадил Цана, информираше дека ова е деветти смртен случај од Западнонилска треска.

Досега на Клиниката биле хоспитализирани 66 пациенти со оваа болест, а во моментов се лекуваат 11, од кои еден е во потешка состојба.

Најнови вести