Претрес во Скопје: Едно лице лишено од слобода, еве што било пронајдено во неговиот дом (Фото)

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, вчера во 18:55 часот го лишија од слобода И.А.(38) од Скопје.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 25 полиетиленски кесички и други различни пакувања со марихуана.

Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

Најнови вести