Средба на министрите Велковски и Гутиќ во Црна Гора во рамки на „Министерскиот состанок за млади од Западен Балкан 2026

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Во рамките на „Министерскиот состанок за млади од Западен Балкан 2026“, кој се одржa во Подгорица, Црна Гора, министерот за социјална политика, демографија и млади на Република Северна Македонија, Ѓоко Велковски, оствари средба со неговиот колега, министерот за социјална грижа, грижа за семејството и демографија на Црна Гора, Дамир Гутиќ.

На средбата било разговарано за понатамошното унапредување на соработката преку размена на искуства и добри практики во областа на социјалната грижа за најранливите категории како и демографијата, која претставува заеднички предизвик за двете земји. За време на посетата, министерот Велковски ја посетил и Амбасадата на Република Северна Македонија во Подгорица, соопштија од Министерството.

Најнови вести