Сиљановска-Давкова: И покрај блокадата забрзано се спроведуваат реформите

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во Брисел остварила работна средба со амбасадорите на земјите членки на групата „Пријатели на Западен Балкан“, посветена на регионалната соработка и европската перспектива на земјите од Западен Балкан.

И покрај блокадата во пристапниот процес, солидното ниво на усогласеност на нашето законодавство со правото на Европската Унија и стопроцентната усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ ја потврдуваат македонската посветеност на евроинтегративниот процес, вели Сиљановска Давкова.

Како дополнителна потврда за тоа, го посочив забрзаното спроведување на Реформската агенда, наведено и во овогодишниот извештај на Европската комисија.

Очекувам интензивирање на македонскиот пристапен процес и посакувам интеграцијата на регионот да биде приоритет на претстојните претседателства со Советот на Европската Унија, особено за време на претседателствувањето на Грција и Италија, како пријатели на Западен Балкан, додала на средбата Сиљановска Давкова.

Најнови вести