Месото во Хрватска ќе се продава по нови правила

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Министерството за земјоделство на Хрватска подготвува нови правила за месото со кои купувачите полесно ќе можат да го забележат потеклото.

Според предлогот, информацијата за потеклото на месото ќе мора да биде поставена непосредно до производот, а буквите со кои е испишана не смеат да бидат помали од ознаката со цената.

Новото правило ќе се применува на непакувано говедско, свинско, овчо и козјо месо, како и на живина што се продава во малопродажните објекти.

Обврската за јасно означување на потеклото постои и сега, но Министерството сака информацијата да биде многу повидлива за потрошувачите за да купувачот уште при изборот јасно да знае што купува и од каде потекнува.

Најнови вести