Како што соопштија од македонската пинг понгарска асоцијација, тренинг кампот е резултат на веќе воспоставената соработка со Пинг понгарската федерација на Србија која претставува регионална мрежа за надградба и унапредување на нашите сегашни и идни играчи.
Наша чест е што претставници од Српската федерација очекуваме и на тренинг кампот во Скопје од 7 до 10 Октомври во спортскиот центар Јане Сандански, се вели во соопштението до медиумите.