Немирите продoлжуваат

Гори во Франција, средношколските и студентските протести ескалираат

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

На протестите на средношколците во
Франција им се приклучија и универзитетите. Властите соопштија дека во насилните судири се повредени десетици припадници на полицијата, безбедносните сили само вчера привеле над 600 луѓе.

Средношколците се во блокади од изминатата недела. Протестираат против преполните училници, лошите услови, материјали за учење со слаб квалитет и недостаток на наставници. Движењето почна во регионот Ил де Франс околу главниот град Париз, но оттогаш се прошири и во други региони.

Најтешко погодени градови се Париз, Бордо на југозапад и Лион на југоисток, како и северниот град Лил, каде што полицијата повторно употреби солзавец во судирите.

Претседателот Емануел Макрон рече дека загриженоста на младите луѓе е легитимна, но во никој случај не може да оправда насилство и напади врз полицајци и наставници. Партиите во Франција меѓусебно се обвинуваат за подгревање на тензиите.

Најнови вести