Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова е во работна посета на Франција, каде ќе учествува на деветтото издание на Парискиот мировен форум, информираа од нејзиниот кабинет.
Форумот ќе биде отворен утре, а овогодишното мото е „Здружување на силите за она што е најважно“. Во рамки на настанот, претседателката ќе се обрати на панел-дискусијата насловена „Одбрана на линијата: Суверенитет во ера на хибридни закани“.
Предвидено е Сиљановска-Давкова да присуствува и на свечената вечера организирана во чест на претседателите и премиерите кои учествуваат на форумот. Домаќин на вечерата ќе биде францускиот претседател Емануел Макрон.
Парискиот мировен форум е основан во 2018 година и претставува меѓународна платформа посветена на промовирање на мирот, подобро глобално управување и зајакнување на мултилатералната соработка.