Продукцијата на филмот „The Batman Part II“ на компаниите Warner Bros. и DC Studios е паузирана, бидејќи режисерот Мет Ривс се повлече од лични причини.
Студиото објави соопштение во кое наведува „Продукцијата на филмот ‘The Batman Part II’ привремено е паузирана додека Мет Ривс се посветува на семејно прашање. Мет ја има целосната поддршка од DC Studios и со нетрпение очекуваме наскоро да го продолжиме ова патување“, се наведува во соопштението, пренесува Deadline.
Пред паузата, снимањето се одвиваше во Лондон.
Премиерата е закажана за 18 февруари 2028 година. Извори наведуваат дека сè уште е прерано да се каже дали прекинот ќе влијае врз датумот на премиерата.
Во актерската екипа, Роберт Патинсон, Енди Серкис и Колин Фарел се враќаат во улогите на Бетмен, Алфред и Пингвинот, додека нови имиња во екипата се Скарлет Јохансон, Себастијан Стен, Брајан Тајри Хенри, Џејми Лосон, Чарлс Денс, Гил Перез-Абрахам и Себастијан Кох.