Софија

Утре во Софија средба на министрите Муцунски и Петрова-Чамова

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Софија позитивно одговори на поканата за средба од Министерот Муцунски и тој утре ќе се состане со неговата бугарска колешка Петрова- Чамова на маргините на самитот за Коридорот 8.

За Премиерот Христијан Мицкоски дијалогот е единствениот начин да се надмине оваа состојба, а приоритет е што побрзата интеграција на Македонија во Европската Унија.

Додава дека конечно унијата видела дека некои земји членки го злоупотребуваат начинот на пристапување во ЕУ по системот на заслуги.

Првиот услов ќе биде за секоја држава посебен, тоа ќе бидат одредени реформи кои ќе треба државата да ги направи и кои допрва ќе се усогласуваат. Вториот услов е земјата да има заедничка надворешна и одбранбена политика, нешто што, како што кажа и Фон дер Лајен, ние како држава први го направивме и тоа веќе го имаме усогласено. Третото е во делот на системот за јавни набавки – реформа која ние во текот на следната недела ќе ја завршиме и ќе ја усвоиме во рамки на парламентот. Значи, две од трите ги имаме, а за првата чекаме што е тоа што за нас како држава ќе ни биде доставено од страна на Европската комисија, посочи Премиерот Христијан Мицкоски.

Најнови вести