Федерер го прашаа кој е фаворит на УС Опен: „Зависи“

Роџер Федерер ги издвои Карлос Алкарас и Новак Ѓоковиќ како главни фаворити за титулата на УС Опен во отсуство на Јаник Синер, но вели дека околу двајцата има многу непознати.

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Легендарниот Роџер Федерер ги даде своите прогнози за УС Опен и откри кому му дава најголеми шанси за освојување на последниот грен слем турнир во сезоната.

Во отсуство на Јаник Синер, Швајцарецот ги издвои Карлос Алкарас и Новак Ѓоковиќ, иако признава дека во моментов е тешко да се процени во каква форма ќе го дочекаат турнирот.

„Тешко прашање, навистина тешко. Очигледно, би ги избрал Алкарас и Новак ако Синер не е тука“, изјави Федерер.

Но, веднаш додаде дека изборот не е толку едноставен.

„За Карлито не знаеме. А и за Новак, исто така, едноставно не знаеме во моментов.“

Федерер, кој неодамна настапи на егзибициски настан во Њујорк, смета дека кај Алкарас многу ќе зависи од тоа колку сериозно и колку долго тренирал пред почетокот на УС Опен.

„Мислам дека зависи. Само тој знае колку тренирал. Дали можел да даде максимум на тренинзите? Колку долго? Една недела? Еден месец? Мислам дека тоа е пресудно“, вели Федерер.

Според него, разликата меѓу една недела и еден месец сериозни подготовки може да биде огромна.

„Ако е само една недела, ќе биде многу тешко. Ако е еден месец, тогаш му давам добри шанси да го пронајде ритамот.“

Клучно за Алкарас, според 20-кратниот грен слем шампион, ќе биде да го преживее почетниот дел од турнирот и постепено да ја подигнува формата.

„Треба да се погрижи да помине, да речеме, три кола. Не знам каков му бил распоредот на тренинзи“, заклучи Федерер.

Најнови вести