земја со екстремен ризик

ИСКЛУЧИТЕЛНО ОПАСНИ ДРЖАВИ: Еве кои се најдоа на мапата на „Глобал Гардијан“

Важно е да се напомене дека оваа мапа не е официјален меѓународен список со предупредувања за патување.

  • 3 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Американската безбедносна компанија „Глобал Гардијан“ ја објави новата мапа на безбедносни ризици за 2027 година.

За време на проценката земени се предвид седум фактори: криминал, вооружен конфликт, тероризам, политички немири, здравствена заштита, инфраструктура и природни катастрофи. Резултатот е пет нивоа на ризик, од ниско до екстремно.

„Eкстремната“ категорија главно ги вклучува областите погодени од војни, тероризам и сериозни политички кризи, но некои земји кои се популарни кај туристите се исто така меѓу ризичните дестинации. Во оваа група, меѓу другите, се најдоа Авганистан, Украина, Сирија, Јемен, Појасот Газа, Судан, Сомалија, Мјанмар, Хаити, делови од Сахел и Централна Африка.

Оваа мапа не е официјален меѓународен список со предупредувања за патување.

„Глобал Гардијан“ е приватна компанија за обезбедување, па затоа на патниците им се препорачува да се информираат од надлежните органи пред да патуваат.

Иран е во категоријата на земја со екстремен ризик

Иран е ставен во највисоката, „екстремна“ категорија. „Глобал Гардијан“ конкретно предупредува на политичката ситуација и зголемениот ризик од произволни апсења на странски државјани. Проценката на безбедноста во земјите од Персискиот Залив, исто така, се влоши. Бахреин и Кувајт од умерен, сега се на висок ризик, додека Катар, Обединетите Арапски Емирати и Јордан се класифицирани како среден ризик. Саудиска Арабија исто така е во истата категорија.

Анти-Трамп билборд во ТехеранФото: Iran International TV

Меѓу ризичните земји и популарните туристички дестинации

Мапата не ги означува само воените зони. Мексико останува земја со висок ризик од насилство поврзано со дрога. Насилство е пријавено и во некои туристички дестинации, вклучувајќи ги Канкун, Тулум и Пуерто Ваљарта. Еквадор е исто така означен како високо ризичен, каде што насилството од страна на криминалните групи ескалираше. Гвајакил, град низ кој некои патници го продолжуваат своето патување до островите Галапагос, особено се издвојува. Кога станува збор за Турција и Египет, ситуацијата е малку посложена. Не сите делови од овие земји се означени со исто ниво на ризик. Во Турција, најголемите проблеми се однесуваат на областите долж границите со Иран, Ирак и Сирија, додека туристичките дестинации како Анталија и Бодрум се далеку од овие области. Во Египет, меѓу поризичните области се Северен Синај, како и одредени гранични и пустински региони. „Глобал Гардијан“ објави дека најголем ризик од произволни апсења постои во Авганистан, Белорусија, Кина, Еритреја, Иран, Ирак, Мјанмар, Никарагва, Северна Кореја и Русија.

Кога станува збор за здравствени ризици, на врвот на листата се генерално посиромашните земји и државите погодени од кризи, како што се Авганистан, Буркина Фасо, Демократска Република Конго, Хаити, Мали, Нигер, Сомалија, Судан, Сирија и Јемен. Меѓу земјите со најголем ризик од природни катастрофи и други еколошки опасности се Кина, Колумбија, Индија, Индонезија, Мексико, Мозамбик, Мјанмар, Пакистан, Филипините и Русија.

Во регионот, Хрватска и Словенија се означени со зелена боја со најниско ниво на ризик. Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија се со „жолта“.

Мапата носи и неколку позитивни промени.

Јамајка се префрли од категоријата со висок на среден ризик, делумно поради падот на стапката на убиства.
Јужна Кореја се искачи од категоријата умерен на низок ризик откако се смири политичката ситуација.

Меѓу поинтересните промени е Унгарија, која е ставена во категоријата со низок ризик од крајот на владеењето на Виктор Орбан. „Глобал Гардијан“ конкретно го истакнува намалениот ризик од големи политички протести.

Најнови вести