Од културни инвестиции, до најсовремена технологија, Индексот на глобални градови за 2026 година открива што ги прави водечките метрополи во светот толку привлечни места за живеење и посета. Градови од САД и од Европа доминираат на листата.
Oxford Economics за 2026 година рангираше 1000 градови според пет мерки: управување, економија, човечки капитал, животна средина и квалитет на живот.
Листата покажува дека во ТОП 10 се градовите кои привлекуваат луѓе од секаде, инвестираат во културата, го прават урбаниот простор почист и полесен и се во чекор со промените.
Во топ 10 за 2026 се најдоа градовите:
Њујорк, САД
Лондон, Велика Британија
Париз, Франција
Сиетл, САД
Сан Франциско, САД
Даблин, Ирска
Бостон, САД
Сан Хозе, САД
Токио, Јапонија
Цирих, Швајцарија