Porta Engineering — квалитетно и сигурно домување

Од 1 ноември нови правила за влез во Црна Гора: Кој ќе мора да има виза?

Од 1 ноември, на државјаните на Русија, Белорусија, Турција, Кина и Саудиска Арабија ќе им бидат потребни визи за влез во Црна Гора.

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Одлуката е донесена во рамките на усогласувањето на визната политика со Европската Унија, а се очекува да влијае и врз туристичките пристигнувања од овие земји.

Експертот за имиграциско право, Бојан Бугарин, во изјава за Еуроњус Црна Гора предупредува дека надлежните органи би можеле да се соочат со голем број барања за визи, како и дека Црна Гора можеби не е доволно подготвена за воведувањето на новиот визен режим.

Барањата за визи ќе можат да се поднесуваат во дипломатско-конзуларните претставништва на Црна Гора, но и преку центрите на VFS, компанија со која црногорското Министерство за надворешни работи склучило договор за обезбедување услуги во постапката за аплицирање за визи.

Промената на визниот режим веќе влијаела врз однесувањето на дел од странските државјани кои престојуваат во Црна Гора. Сè поголем број од нив, особено државјани на Русија и Турција, поднесуваат барања за регулирање на привремен престој или за добивање дозвола за престој и работа.

Дозволата за привремен престој се издава со важност од една година, со можност за продолжување. На тој начин, странските државјани можат да продолжат да престојуваат во Црна Гора без потреба во краток рок да ја напуштат земјата и повторно да аплицираат за виза.

Новиот визен режим би можел да им ги искомплицира плановите и на туристите кои претходно купиле авионски билети и резервирале сместување, не очекувајќи промена на правилата.

Едно од клучните прашања е колку брзо црногорските институции ќе можат да го обработат зголемениот број „барања за визи“.

Постапката започнува преку Министерството за надворешни работи, додека значајна улога во одлучувањето имаат Секторот за гранична полиција и Агенцијата за национална безбедност, кои даваат проценки во рамките на своите надлежности.

Доколку бројот на барања во наредните месеци достигне 50.000, 70.000 или дури 100.000, се поставува прашањето дали институциите ќе можат да ги обработат во предвидениот рок.

Министерството за надворешни работи најави воведување електронски визи, кои би требало да ја забрзаат постапката. Меѓутоа, според најавите на министерството, системот би требало да биде подготвен дури во мај следната година.

Промената на визниот режим би можела да се одрази и врз црногорскиот туризам, со оглед на значителниот број посетители кои пристигнуваат од Русија, Турција, Кина, Белорусија и Саудиска Арабија.

Новиот визен режим не носи промени за државјаните на земјите од регионот. Тие и понатаму ќе можат да патуваат во Црна Гора без виза и да престојуваат до 90 дена со важечки пасош.

Најнови вести