Скриени трошоци во ресторани и кафулиња во Италија

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Летувањето во Европа станува се поскапо поради необичните такси кои ги затекнаа туристите. Скриените трошоци станаа пракса кај поголемиот дел од актуелните туристички дестинации, од плаќање по минута за туширање на плажа и доплата за мраз, па се до наплата на услугата во ресторан по лице..

Во италијанските угостителски објекти, наплатата на услуга е вообичаена практика и законски регулирана, но се појавува под различни имиња на сметката во зависност од тоа дали седите во ресторан или пиете кафе на шанк.

Според италијанскиот закон, секоја дополнителна такса (сoperto или servizio) мора да биде јасно напишана на менито, најчесто со ситни букви на крајот од менито.

Coperto (Поставување маса и леб)

Фиксна такса по личност за користење на приборот, чашите, салфетките и лебот што се носи на масата обично изнесува помеѓу 1 и 5 евра по лице. Во ексклузивни туристички места (како плоштадот Свети Марко во Венеција) може да биде значително повисока. Парите одат директно кај сопственикот на ресторанот.

Servizio (Процентуална услуга)

Дополнителна услуга која се пресметува како процент од вкупната сметка, најчесто помеѓу 10 и 20 насто. Најчесто се применува во туристички зони или за големи групи на гости (на пример, маса со повеќе од 6 или 8 луѓе). Ако на сметката пишува „servizio incluso”, тоа значи дека услугата е веќе пресметана во цената.

Давањето бакшиш не е вообичаено во Италија особено ако веќе сте го платиле надоместокот за услугата на сметката.

Најнови вести