Дипломатија

Франција ја тресат протести, претседателот Макрон замина во посета на земјите од Заливот

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Францускиот претседател Емануел Макрон беше пречекан од емирот на Кувајт, Шеикот Мешал Ал-Ахмад Ал-Џабер Ал-Сабах.

Кувајт е прва станица на турнејата на Макрон низ четири земји во Персискиот Залив. Се очекува разговорите да се фокусираат на зајакнување најмногу на билатералните врски, регионалната стабилност, слободата на навигација низ Ормускиот теснец и енергетската безбедност, во услови на зголемени регионални тензии и прекини во поморскиот сообраќај.

Турнејата на Макрон, од 19 до 21 октомври, вклучува и посети на Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Катар. Франција и Кувајт воспоставија дипломатски односи во 1961 година и соработуваат во одбраната, безбедноста, трговијата, инвестициите и образованието.

Францускиот претседател Емануел Макрон најави можност за забрана на собири доколку тоа биде неопходно за да се спречат нови насилства, по немирите што ја зафатија Франција за време на протестите против високите трошоци за живот.

Макрон пред да замине за Кувајт
ја одби оставка на министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез и покрај пропустите во разузнавањето кои беа оценети како фактори што ја влошија кризата. Макрон изјави дека Нуњез треба да остане на позицијата за да се зачува командната линија во рамките на полицијата и безбедносните сили, а доколку е потребно да се воведат и дополнителни мерки.

Европските берзи ја почнаа неделата со пад по насилните протести и грабежи што го одбележаа викендот во Франција.

Најнови вести