Несреќа

СЕ УРНА ВОЕН АВИОН ВО ФРАНЦИЈА: Еден пилот загина, друг се води како исчезнат

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Најмалку едно лице загина при пад на воен авион на североистокот од Франција синоќа, а друго се води како исчезнато.

Француското Министерство за вооружени сили објави дека авионот на француското воздухопловство, модел Мираж 20000, се урнал во регионот Мерт и Мозел.

На терен се ангажирани значителни сили на жандармеријата и противпожарните служби, кои работат на прецизно утврдување на местото на падот.

Истрагата за причината за несреќата е во тек.

Најнови вести