Детроит го совлада Бостон на отворањето на новата НБА-сезона

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Кошаркарите на Детроит Пистонс го победија Бостон Селтикс со 121:113 на отворањето на новата сезона во НБА-лигата.

Џејлен Дурен беше најефикасен во победничкиот тим со 22 поени, додека Данкан Робинсон постигна 21, а Кејд Канингем натпреварот го заврши со 20 поени.

Еден од клучните играчи за победата на Детроит беше Џавонте Грин, кој постигна 19 поени, вклучувајќи пет тројки од осум обиди.

Во редовите на Бостон најдобар поединец беше Пол Џорџ со 38 поени, но неговиот учинок не беше доволен за да се избегне пораз на премиерата од новата сезона.

Најнови вести