Газда Деко предложен за сведок во случајот со осомничeните пoлицајци во случајoт ,,Пулс”

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето против деветмината полициски службеници обвинети во предметот поврзан со дискотеката „Пулс” во Кочани

Одбраната предложи изведување на повеќе материјални докази, како и распит на повеќе сведоци, меѓу кои и Дејан Јованов – Деко.

Според предлогот, сведокот треба да се изјасни за околностите дали се стекнал со противправна имотна корист и дали имал контакти и се познавал со обвинетиот Боби Гидиоски. Одбраната на Гидиоски, информираше дека предложиле материјални и вербални докази, меѓу кои 16 документи и осум сведоци.

Дел од документите се однесуваат на работењето на МВР, односно на СВР Штип, додека други се поврзани со проблемска информација за состојбите во дискотеката „Пулс”. Судот решен главната расправа да продолжи утре во 12 часот.

Судењето против деветтемина полициски службеници се однесува на наводни пропусти при проверките и издавањето согласности за угостителскиот објект „Пулс”.

Најнови вести