Канадскиот премиер Марк Карни и францускиот претседател Емануел Макрон се согласија да ја продлабочат соработката во вселената, одбраната, енергетиката и трговијата, проширувајќи ги стратешките врски меѓу двете нации.
Средбата доаѓа неколку дена откако канадскиот премиер Карни ја поздрави можноста Канада да воспостави уникатен безбедносен и економски сојуз со Европската Унија, тврдејќи дека подлабоките европски врски ќе ја направат неговата земја помалку ранлива на економска принуда од која било поединечна нација.
Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека двете земји си дале нова, конкретна амбиција за изградба на заеднички проекти. Макрон додаде дека двете нации треба да ја направат француската прекуокеанска територија Сен Пјер и Микелон лабораторија на оваа нова стратегија.
Островската територија во северниот Атлантски Океан, се наоѓа 25 километри јужно од островот Њуфаундленд, Канада. Територијата е под француски суверенитет и е дел од Европската Унија.
Царините на американскиот претседател Доналд Трамп, барањата за економски отстапки и постојаните разговори за тоа Канада да стане 51 држава на САД, ја натераа канадската влада да работи на намалување на зависноста од својот сосед и да се стреми кон подлабоки економски, безбедносни и политички односи со Европа.