протести во албанија

Антивладините протести во Тирана не запираат: Молотови коктели фрлени врз зградата на Владата

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Во Тирана осми ден по ред се одржуваат антивладини протести, а и вчерашниот собир беше хаотичен, бидејќи демонстрантите фрлија повеќе молотови коктели врз зградата на Владата на Албанија, пренесуваат албанските медиуми.

Тоа предизвика пожар, поради што мораа да интервенираат пожарникарите за да спречат поголема штета, пренесува Еуроњуз Албанија.

Ситуацијата и по ова не се смири, бидејќи собраните демонстранти почнаа да фрлаат молотови коктели кон полициските службеници кои се наоѓаа во зградата на Владата.

Откако неколку часа стоеја пред кабинетот на премиерот, демонстрантите се упатија кон плоштадот „Скендербег“, каде што продолжија да скандираат против Владата.

По пристигнувањето на плоштадот, демонстрантите најавија нов собир за денес во 9:00 часот пред Парламентот, кога е закажана пленарна седница.

Премиерот Рама и вчера ги повика демонстрантите на дијалог.

Најнови вести