Соработка

Безбедноста и миграцијата во фокусот на средбата меѓу директорите за јавна безбедност на Македонија и на Австрија

Македонија и Австрија ја продолжуваат успешната соработка во насока на унапредување на безбедноста и зајакнување на заедничкиот одговор на актуелните предизвици.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Генералниот директор за јавна безбедност на Австрија, Франц Руф, престојува во работна посета на Македонија. На средбата со директорот на Бирото за јавна безбедност на земјава, Александар Јанев биле разгледани актуелните безбедносни состојби во двете држави, заедничките безбедносни предизвици, како и актуелните состојби и трендови во областа на миграцијата и миграциските текови.

Фото: МВР

Посебен акцент бил ставен на унапредувањето на меѓусебната соработка меѓу полициските служби, преку размена на искуства, знаења и практики, како и преку реализација на заеднички обуки, со цел јакнење на професионалните капацитети и ефикасноста во справувањето со современите безбедносни предизвици.

Фото: МВР

Најнови вести