Дојавa за бомба на лет на Wizz Air: Aвионот принудно слета во Будимпешта

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Патнички авион на авиокомпанијата Wizz Air, кој сообраќал на редовната линија од Лондон кон Софија, бил принуден итно да го промени правецот на летање и да слета во Будимпешта по сериозна дојава за поставена бомба во леталото.

Поради проценетиот висок степен на ризик, веднаш биле активирани безбедносните процедури. Унгарските воздухопловни сили испратиле борбен авион од типот „Грипен“, кој го пресретнал патничкиот авион и го придружувал до аеродромот во Будимпешта.

По безбедното слетување, полициските и безбедносните служби веднаш го блокирале делот од аеродромот каде што бил сместен авионот.

Во тек се детални противдиверзантски проверки на леталото, како и проверка на целиот багаж и патниците.

Информацијата ја објави грчкиот медиум „In.gr“, повикувајќи се на првичните информации за инцидентот.

Најнови вести